Осигурителна измама во обид: Словенка си ја отсекла раката за да добие пари од осигурителни компании - Bits of insurance

Осигурителна измама во обид: Словенка си ја отсекла раката за да добие пари од осигурителни компании

Каква страшна приказна се случила во Словенија, дури и не би поверувале. Словенка која живее во близина на Љубљана, заедно со неколку пријатели направила план како да заработи пола милион евра. Најпрвин во измамата  склучила осигурителни договори со полиса во случај на несреќа со високи повреди и тоа со 5 осигурителни компании. На самиот почеток на оваа година почнала да ги плаќа ратите од осигурувањето , и план влегол во самата реализација.Slovenija izmama

Девојката намерно си ја отсекла раката со намера да се прикаже како несреќа, при сечење дрва. Се јавиле во Брза Помош, пријавиле несреќа и побарале помош. Кога пристигнала Брзата помош луѓето кои давале помош, кажале дека наводно си ја исекла со циркуларна пила додека сечела дрва за огрев.

Еден од помошниците на девојката, се преправал дека и дава прва помош и намерно заборавил на медицинските екипи да им го даде отсечениот дел од раката. На докторите им станало сомнително и се вратиле назад да го земат отсечениот дел. Потоа со оперативен зафат и ја зашиле раката на девојката.

По само неколку дена од несреќата, тие започнале постапка со барање отштета од осигурителните компании. Но, осигурителните компании им паднало чудно и пријавиле во полиција.

Полицијата по комплетирање на случајот, ја привеле девојката , а со неа и останатите осомничени три лица, мажи на возраст од 29, 58 и 63-годишна возраст. По испрашувањето полицијата дошла до планот, а 21-годишната девојка и 29-годишниот маж, добиле притворот, кој им бил продолжен за 30 денови.

Доколку успеале да ја продадат приказната, девојката ќе наплатела од осигурителните куќи суми од  383 илјади евра обештетување , како и  пензија со цифра над 3 илјади евра како доживотна месечна рента за инвалидитет.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: