Осигурувањето на домот неопходна инвестиција за мирен сон - Bits of insurance

Осигурувањето на домот неопходна инвестиција за мирен сон

Инвестирањето во домот е важен чекор, којшто подразбира постојана посветеност и секако одговорност. Сепак, инвестирањето не застанува во моментот кога ги имаме клучевите во рака. Инвестираме и понатаму, затоа што сакаме да обезбедиме спокој и сигурност во домот. Најпобаруваната форма на осигурување на домот е онаа основната, односно според некои осигурителни компании и најпонудуваната. Доколку ја вклучат во својата полиса најчесто е комбинирана. Во оваа полиса вие го осигурувате вашиот дом од – пожар и чад, провала, невреме, експлозија. Потоа следната полиса која доаѓа на дневен ред е онаа која ги покрива основните форми на пожар, невреме, провала, но може да се вклучат и други работи кои ќе се стават под  покриеност. Во оваа полиса вас ви се осигурани личните работи кои ги поседувате, потоа доколку има некоја пукнатина во вашиот дом. При земјотрес, доколку доаѓа до рушење или пак некоја зграда или објект се сруши врз вашиот дом. Последната форма на осигурување е онаа која ги покрива сите штети. Што значи се што е вклучено во двете претходни полиси.

имот

Со полисата на Триглав осигурување мирно ќе спиете

Со полисата за осигурување на дом, инвестирате во вашата безбедност и сигурност.Најдоброто решение за вложените средства. Само како пример, осигурителната полиса на Триглав осигурување износот за осигурување на стан од 60м2 изнесува приближно 2.000 денари годишно, што е доволна причина да ја донесете вистинската одлука и да инвестирате во вашиот дом. Инвестиција, којашто ќе ја надополни економската вредност на вашиот дом, вклучувајќи ги покуќнината, декоративните предмети и средствата за лична употреба. Предмет на ова осигурување се станбени објекти и куќи, како и ненаселени куќи, викендици, кои служат за одмор и рекреација, односно, градежни објекти со вградена електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација, коишто всушност ја претставуваат основата на секој дом. Покуќнината, декоративните предмети, како и предметите за лична употреба се исто така дел од ова осигурување. Осигурувањето на дом вклучува и трошоци за нужно сместување, доколку вашиот дом претрпел целосно оштетување. Користејќи го комбинираното осигурување на дом, Триглав се грижи за вас во случај на основни ризици: пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, одговорност, манифестации и демонстрации, излевање на вода од инсталации, провална кражба и разбојништво, лизгање и одронување на земјиште и снежни лавини. Kако и во случај на дополнителни ризици, за кои што се плаќа дополнителна премија: кршење на стакло на прозори и врати, земјотрес, поплава и порој, одговорност кон трети лица.

Во полисата за комбинирано осигурување на дом, покрај основните и дополнителните ризици, до одредени лимити е опфатено и осигурувањето на: пари во готово (денари и девизни средства), скапоцености (злато, накит и слично), уметнички дела, нумизматички и филателистички збирки, хартии од вредност.

Комбинираното осигурување на дом на Триглав ја вклучува и услугата домашна асистенција, која што нуди 24-часовна поддршка при итни ситуации во домот.

 

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: