Volvo ја ограничува брзината во новите возила - Bits of insurance

Volvo ја ограничува брзината во новите возила

Шведскиот производител Volvo најави дека ја ограничува брзината во сите нови возила преку вграден уред, на 180 километри на час. Ова е во склоп со зацртаниот план за намалување на случаите на смртно настрадани патници во новите возила до 2020. Во план е и друга технологија која поригорозно ќе ја ограничува брзината на автомобилите кои поминуваат покрај училишта и болници.

Volvo

Нула смртни случаи до 2020

Повеќето автомобили достигнуваат брзина над 220 км/ч и некои производители нудат автомобили со многу повисока максимална брзина. Volvo има поставено за цел нула смртни случаи или сериозни повреди во новите возила до 2020 година. Во изјава за јавноста, најавија надзор над однесувањето на возачите без разлика на вградените функции во новите автомобили. „Volvo е лидер во безбедноста на патишта, секогаш бил и ќе биде“ – изјавува Hakan Samuelsson, извршен директор на Volvo. „Сфативме дека мора повеќе да се фокусираме на човечкиот фактор за да ја постигнеме целта. Иако ограничувањето на брзината не е комплетно решение, вреди да се направи ако со тоа спасиме барем еден живот“.

Камери во возилата на Volvo

Покрај ограничувањето на брзината, Volvo планира да примени технологија која би користела камери во автомобилите. Со нивна помош би се надгледувала состојбата на возачите и степенот на нивното внимание додека управуваат со возилото. На тој начин би се спречило да возат луѓе кои се отсутни, под дејство на алкохол или други опојни средства. Ова се двата чинители поради кои најчесто доаѓа до сообраќајни несреќи. Шведската компанија размилсува за забавување на движењето на возилата во близина на чувствителни пешачки зони како што се училиштата. Volvo исто  планира да иницира разговори помеѓу автомобилските производители и регулаторите во врска со користење на технологијата за зголемување на безбедноста. Главните прашања се дали авто-производителите имаат право или обврска да инсталираат технологија во автомобилите која го менува однесувањето на возачите. Купувачите на Volvo обично го одбираат овој бренд поради безбедноста, но ограничувањето на брзината би можело да одврати некои од нив.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: