Неколку важни работи при склучување полиса за животно осигурување - Bits of insurance

Неколку важни работи при склучување полиса за животно осигурување

Осигурувањето на живот е вид осигурување кај кое престанокот или траењето на животот на едно или повеќе лица (осигурени) доведува до исплата на осигурената сума од страна на осигурувачот. Осигурувањето на живот претставува договор со кој осигурителот се обврзува да му исплати на корисникот на осигурувањето одредена сума или рента во случај на смрт на осигуреникот или во случај на негово доживување на договорениот временски период.

Zivotno Osiguruvanje Zosto ne treba da se prekine

Лицето кое склучува договор за осигурување на живот се нарекува договарач на осигурување. Лицето во чија корист се склучува договорот за осигурување на живот се нарекува корисник на осигурување. А лицето од чие доживување или смрт зависи исплатата на осигурената сума се нарекува осигуреник.

Во праксата најчесто се среќаваме со следните видови полиси за осигурување на живот:

– Осигурување во случај на смрт (ризико)

– Осигурување во случај на доживување

– Мешано осигурување

– Рентно осигурување

Доколку е склучена полиса за Осигурување во случај на смрт, т.н. ризико полиса, осигурената сума се исплатува на корисникот или корисниците на осигурувањето само во случај на смрт на осигуреникот во договореното траење на осигурувањето. Доколку осигуреникот го доживее рокот на кој е склучена таквата полиса или настапи смрт после датумот назначен во полисата како датум на истек на осигурувањето, тогаш тој нема право на исплата на осигурената сума.

Долната граница на пристапна старост на осигуреникот за осигурување на живот каде што е вклучен ризикот од смрт најчесто е 14 години, а горната граница на пристапна старост е 65 години и при тоа можат да се осигураат потполно здрави лица. Додека, пак, болни лица и лица постари од 65 години можат да се осигураат исклучиво со лекарски преглед и врз основа на посебни услови за осигурување на зголемен (анормален) ризик.

Кај полисата за Осигурување во случај на доживување, осигурената сума се исплатува само во случај ако осигуреникот го доживее договорениот рок. Доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на договорот, корисникот, односно корисниците од полисата за осигурување немаат право на исплата на договорената сума. Во праксата овој вид осигурување најчесто се договара во комбинација со поврат на уплатената премија во случај на смрт.

Кај полисата за мешано осигурување, осигурената сума се исплатува на корисникот или корисниците на осигурување доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на осигурувањето или, пак, на крајот на договореното траење на осигурувањето, доколку осигуреникот е сè уште жив. Со склучување на полиса, осигуреникот има право на исплата на одредени периодични (месечни, квартални, односно годишни) износи во текот на одреден период или доживотно, во зависност од видот на полисата. Висината на рентата е однапред одредена во договорот, а може да биде еднаква во секој период, растечка или опаѓачка. Почетокот на исплата на рената може да биде после потполна уплата на премијата, веднаш или по истекот на одредено време утврдено во договорот. Овој вид осигурување најчесто се склучува како дополнување на пензиското осигурување.

Совети кои ќе ви бидат од корист пред склучување на животно осигурување:

1.Барајте да Ви се остави доволно време за детално да ги прочитате и потполно разберете условите за осигурување кои се составен дел од договорот на кој потпишувате.

  1. Информирајте се за условите за откуп и износите на откупна вредност на полисата , пред да склучите договор за осигурување.
  2. Информирајте се за ризиците кои се исклучени од договорот за осигурување ( самоубиство, смрт како последица на учество во воени операции…).
  3. Одберете ја онаа форма на осигурување која одговара на вашите можности и потреби на подолг временски период.
  4. Пред потпишување на договорот прашајте се што не разбирате или не Ви е јасно.
  5. Побарајте стручна помош од професионално лице, при склучување на договор
  6. Одговорете вистинито на прашањата околу здравствената состојба, кој се составен дел од полисата за животно осигурување!

Најчести грешки кои се прават при одбирање на животно осигурување.

Прифаќање на полиса од првата осигурителна компанија

Најдете време да разговарате со неколку агенти. Убаво е да заштедите пари, но тоа не треба да го направите со штедење на бензинот и времето. Бидете водени од тоа вашето семејство да ги добие поволностите кои ви одговараат, а тоа ќе го постигнете само со одбирање на правата осигурителна компанија. Одвојте дел од вашето време да ги дознаете опции, за да не заглавите со лоша полиса.

Одлука без соодветно консултирање

Ако вашата одлука ја направите со помош на некој агент кој е мотивиран да продава само еден вид на полиси, ризикувате да изберете помеѓу опциите кои не ви се најдобри. Треба да знаете дека полисите се разликуваат од една до друга осигурителна компанија и тоа не само по цена, туку и во однос на тоа што и како тие ве покриваат. Со разбирање на овие ставки, можете да направите многу подобра одлука.

Грешни сопственички и кориснички информации

Најголемата грешка што ја гледаме кога луѓето купуваат животно осигурување е тоа што тие правилно не наведуваат сопственост и не го уредуваат својот статус на полисата. За да го избегнете правењето на овие вообичаени грешки, осигурајте се дека сите информации од полисата се точни и редовно ажурирајте ги. Повеќето луѓе не ги менуваат корисниците кога во животот ќе им се случи смрт на брачниот партнер или развод. Внимавајте на деталите.

Неразбирање на поволности

Има повеќе понуди за животно осигурување, кои не се создадени со подеднакви услови. Ануитетите, на пример, честопати се презентираат како осигурување на живот, но општо земено, тие прават многу малку за клиентот освен да генерираат убава провизија за финансиски советник. Бидете сигурни дека ги разбирате сите услови, цената, придобивките и она што може да го изгубите доколку не се оствари планот за плаќање.

Не гледате доволно далеку во иднината при купување на полисите

Повеќето луѓе купуваат осигурување на живот за наредните 15 години. Попретпазливо е да се купи за следните 30 години. Осигурајте се дека вашиот брачен партнер, деца и најблиски се покриени во случај да Ви се случи нешто. Размислете за терминот полиси кои ви дозволуваат да се префрлите во универзална животна полиса.

Чекате предолго пред да купите полиса

Честа грешка што луѓето ja прават кога купуваат животно осигурување е размислувањето дека тие ќе платат иста сума кога и да се осигураат. Но не, Вие го плаќате животното осигурување во зависност од вашата возраст и здравје. Колку подолго чекате, толку повеќе ќе платите за истото.