Автомобили на Blockchain - Bits of insurance

Автомобили на Blockchain

Како ќе се интегрира автоматизацијата на blockchain во електрични автомобили и останатите начини на транспорт? Експертите кои работат со blockchain нудат неколку потенцијални опции.

Во својата примарна употреба, blockchain работи како сметководствена книга која користи неколку сервери  да ги следи мрежите низ кои криптовалутите се споделени. Освен тоа што е исклучително безбедна технологија, таа исто така се смета за интензивна во начинот на кој може да ги следи индивидуалните економски интеракции – во зависност од тоа како е напишан кодот зад blockchain-от, тој може да следи било што доколку според кодот тоа има некаква вредност.

Што значи сето овоа за автомобилската индустрија?

  1. Подобрена поврзаност

Маск со Тесла успеа да го направи авто-инженеринг повторно примамлив за младите инженери. Со акцент на автоматизација при проектирањето се воведуваат Internet of Things во автомобилите. Интерконективноста помеѓу вашиот автомобил и вашиот телефон веќе може да се види преку користењето на Bluetooth за да ги пуштите вашите омилени плејлисти во вашиот автомобил. Меѓутоа комуникацијата не е безбедна т.е. Кога ќе застанете на семафори некој друг може да ја слуша истата фреквенција. Затоа интеграцијата на IoT со blockchain ги проширува овие дигитални можности. Паметните сензори, како оние што ги користи Adaptive Cruise Control, blockchain и IoT, ќе ја подобрат способноста на вашиот автомобил да работи без вас, како на пример да се оддалечи од гужвата во сообраќајот без вие да морате да ги допрете сопирачките.

  1. Лесни патни трансакции

Правиме голем број на трансакции додека сме на пат. Патарините на патиштата, на пример, бараат трансакции кои можат да заземат значаен дел од нашето време, потенцијално предизвикувајќи непотребна гужва. Не само тоа, туку паметен хакер може потенцијално да краде броеви на кредитни картички од самите патарини. Интеграцијата на blockchain-от во вашиот автомобил на пример преку е-паричници во автомобили ќе ги направи овие трансакции полесни и поприватни.

  1. Делење на превоз и Е-трансакции

Размислете за подемот во индустријата за делење на превоз. Во текот на изминатата деценија, Lyft и Uber направија бранови во автомобилската индустрија, и тоа не за автомобили што ги произведуваат, туку за услугите кои ги обезбедуваат. Сега оваа индустрија изнесува повеќе милијарди долари, а споделувањето на превоз им нуди можност да напредуваат на blockchain-от и електронската трговија. Замислете ја можноста да направите исплатa за возење без да ја извадите вашата кредитна картичка што би се овозможила доколку возачот користи blockchain. Со двете најпопуларни компании за споделување на возењето кои го истражуваат автономното возење, можеби возењето во наредната деценија ќе биде целосно без интеракција.

На македонскиот натпревар за социјални иновации UpShift победи токму концепт за споделување на возење. Така што ако Uber и Lyft не дојдат скоро кај нас ние овие иновации најверојатно ќе го видиме во некоја домашна апликација.

  1. Индивидуализирано осигурување за автомобили

Исто така постои можност потенцијалот што го нуди blockchain да се користи од страна на агенциите за осигурување. На пример, Иницијативата за мобилно отворени блокчеини (The Mobility Open Blockchain Initiative) работи со Форд и ГМ, со цел да воведат осигурување базирано на корисникот. Договорите за осигурување, откако ќе бидат основани, може да се складираат во рамките на серверите на блокчените. Телематикс системи кои што го пратат секое ваше возење и начин на управување на возилото постојано и во реално време ќе ги ревидираат цените (тарифата) на вашето осигурување.

  1. Безбедносни ризици и награди

Безбедноста на автомобилите што blockchain-от ја предлага, и во форма на набљудување на возачот и во олеснувањето на е-трансакции, звучи премногу добро за да биде вистита. Хакабилноста на таков систем останува тешка поради ширењето на информациите на blockchain-от преку голем број сервери. Но, отворената природа на таков систем сè уште треба да се земе предвид пред да се спроведе на меѓународно ниво.

Интеграцијата на blockchain во автомобилската индустрија се чини неизбежна, со оглед на придобивките што би можела да им ги обезбеди на денешните модерни возачи. Чекорите кон оваа иднина веќе се преземени, со подобрена интеграција на IoT во автомобили, како и развој на мобилни е-паричници. Покрај се, изгледа дека blockchain-от во блиската иднина ќе игра главна улога во секојдневниот живот на просечниот сопственик на автомобил.

Тамара Илиева