Ако тргнувате на пат, осигурајте го вашиот дом од кражба и разбојништво - Bits of insurance

Ако тргнувате на пат, осигурајте го вашиот дом од кражба и разбојништво

Во полн ек е сезоната на годишните одмори, периодот во годината кога повеќето се подготвуваат за заслужената оддишка од талогот насобран од обрвски и стрес. Време на планирање и организирање. Да не се заборави нешто, да не се пропушти нешто и да го попречи целосното опуштање на одбраното место за одмор. Добро, признаваме дека има симпатичен шмек префрлањето на вината од еден на друг за некоја заборавена ситница, а која има толку „суштинско“ значење за престојот (полнач, таблет, книга, омилените шорцеви…). Најчесто – она што го немаме, без тоа се може.

osiguruvanje

Но, има и работи кои доколку ги заборавиме, навистина ќе имаме проблем со црвчето кое ќе ни го грицка мирот и раатот за време на одморот. За да го анестезираме тоа црвче и да тргнеме на патување опуштени, треба помислата „што ли се случува дома?“ Да ја избркаме таа мисла од глава. Таа најлесно се брка, или поточно се заменува, со помислата „домот ми е осигуран“. Нам ни е сезона на одмори, на провалниците им е работна сезона. Најголем дел од провалните кражби се случуваат во летните и зимските месеци.

За непријатните случки како што се разбојништвото и провалните кражби слушаме секојдневно во медиумите или во секојдневните разговори со луѓето. Тоа доволно зборува за нивната сериозност и честа појава. Имајќи го ова предвид, секој од нас треба да биде свесен за неопходноста од поседување на полиса за осигурување од овој тип настани. Затоа, ако досега не сте го направиле тоа, сега е вистинското време да купите полиса за осигурување на вашиот дом и да се заштитите од најчестиот расипувач на одморите – провалната кражба. Осигурувањето од провална кражба и разбојништво ја покрива предизвиканата штета, односно се осигуруваат украдените, уништените или оштетените предмети при провална кражба или во обид за такво дејство. Осигрувањето покрива и штети што настанале на градежниот објект.

Значи заклучокот од тргнување на пат и сигурен и безгрижен одмор е едноставна. Ќе се упатите во една од осигурителните друштва во Македонија и мирно ќе спиете на одмор. Нема да ги мислите вашите лични предмети, накит, пари, уметнички украси. Секако дека нема да го мислите она што сте го купиле со љубов за да му го отстапите на разбојникот од соседството.

Ако немате идеја каде да направите ваков осигурување, можете слободно да го погледнете и да се информирате за осигурувањето од провална кражба и разбојништво на Триглав Осигурување.