Инвестициите во InsurTech екслодираа - Bits of insurance

Инвестициите во InsurTech екслодираа

Интелегентни четки за заби кои што го следат здравјето на клиентите и врз основа на тоа ја градат цената на здравственото осигурување се само една од иновациите кои секојдневно се јавуваат во осигурувањето. Напливот на технолошки иновации вклучува четботови кои им помагаат на корисниците да одберат полиса, вештачка интелегенција која овозможува анализа на комплексни ризици во неколку секунди, алгоритми за детекција на лажни изјави во штетите итн. Технологијата со сигурност влегува во осигурителната индустрија на голема врата.

InsurTech – како што се нарекуваат со едно име технолошките иновации во осигурителната индустрија – се сè поголема индустрија. Ако во 2011 година во InsurTech стартапите беа инвестирани 140 милиони долари (во 28 проекти), инвестициите се зголемија над десет пати во 2016 година  на 1,7 милијарди долари во 173 проекти.

Според британскиот Quartly InsurTech Briefing само во четвртиот квартал од 2018 година биле склучени 63 InsurTech инвестиции со вкупна вредност од 1,58 милијарди американски долари. Тоа се 24% повеќе проекти и 155% повеќе средства за истите споредено со четвртиот квартал од 2017 година.

stock-1863880_960_720

Тоа е втор последователен квартал во кој што вкпупните инвестиции во овој сектор бележат повеќе од една милијарда долари, откако во третиот квартал од 2018 година беа забележани повеќе од 1,2 милијарди долари.

Сајбер нападите и новите осигурителни производи се во фокусот на новиот извештај на Willis Towers Watson.

“Сајбер-осигурувањето е повеќеслоен феномен кој постојано еволуира и се развива” – изјави д-р Ендру Џонсон, глобалниот шеф за InsurTech во WillisRe. “Соодветен одговор на овa е да пристапиме на нашата индустрија со подеднакво повеќеслоен пристап. Наместо да се обидуваме да се специјализираме и да напредуваме во секој потребен принцип, InsurTech ни нуди на нашата индустрија огромна можност преку стратешко комерцијално партнерство да им овозможи на актуелните осигурителни компании да станат дел од поширока, поотпорна сложувалка”.

Останатите инвестиции се воглавно во насока на подобро следење на клиентите со цел поперсонализирани полиси, подобри канали на продажба и вештачка интелегенција за проценка на штетите.

Осигурителните компании инвестираат многу во технологијата. InsurTech инвестициите ги намалуваат оперативните трошоци, додаваат нови производи во портфолиото на осигурителите и овозможуваат компаниите да бидат по агилни во опслужувањето на своите корисници.

12642984_141261849590143_5658227654965253993_n

Првиот македонски InsurTech стартап Systems for Enterprise веќе три ипол години активно работи на развивање иновативни решенија и ентерпрајс решенија за осигурителните компании. Во текот на 2018та година беа поддржани од Фондот за Иновации во проектот за оптимизација на осигурување. Како што тие изјавуваат нивната мисија е континуирано да ги прават осигурителните компании поефикасни и животот за сите побезгрижен.

Се надеваме дека технологијата ќе ни овозможи еден ден да имаме мирен сон и да бидеме безгрижни во однос на ризиците. Останува да видиме како оваа гранка ќе се револуционизира.

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: