Бугарскиот EUROHOLD значително профитираше во 2018 - Bits of insurance

Бугарскиот EUROHOLD значително профитираше во 2018

Бугарскиот EUROHOLD – сопственик на EUROINS Insurance Group (ЕИГ) – објави во својот прелиминарен финансиски извештај за 2018 година – позитивен финансиски резултат во износ од 1,7 милиони лева (871,800 лева) наспроти загубата од 17,3 милиони лева (8,84 милиони евра) од минатата година.

Приходите на компанијата во 2018 година се зголемени за 19,9 милиони лева, правејќи вкупна вредност од 24 милиони лева. Во нив, најзначајно учество имаа приходите од работењето со финансиски инструменти кои изнесуваа 21,6 милиони лева, проследени со приходи од камати и други финансиски приходи (позитивни разлики од промени на курсот) со вкупен износ од 2,2 милиони лева, а приход од дивиденда добиен во висина од 0,2 милиони лева.

За споредба, пријавените приходи во 2017 година се соодветно 4 милиони лева, од кои најзначајно учество има приходот од камати од 2,4 милиони лева, следен од приходите од финансиско работење.

EUROHOLD е водечка бугарска компанија со операции низ целиот Балкан фокусирана на осигурување, небанкарски финансиски услуги и управување со средства, лизинг и продажба на нов автомобил.

Курс за пресметки: 1 EUR = 1.95583 Лева – BGN (фиксен)

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: