Глобалните финтек лидери на средба во Истанбул - Bits of insurance

Глобалните финтек лидери на средба во Истанбул

Инвеститори во финтек индустријата, банки, осигурителни компании, менаџери на средства, претприемачи и ентузијасти од целиот свет, ќе се соберат во Истанбул, на почетокот на април, за да учествуваат Fintech Week во Истанбул.

Настанот, кој е овозможен од KOOPHub – регионален центар за иновации со седиште во Истанбул – и поддржан од XPRIMM Publications како медиумски партнер, ќе се одржи на стадионот Бешикташ во периодот од 2-ри до 5-ти април 2019 година.

Министерот за комуникации и информации во Сингапур, С. Исаван, ќе ја води Fintech Week во Истанбул, заедно со повеќе од 100 говорници од 30 земји. Настанот нуди широк спектар на индустриски дискусии за банкарските иновации, осигурителни технологии, плаќања и трансфери, робоадвизори, сајбер-сигурност, регулаторни технологии, финансиско вклучување, вештачка интелигенција, блокчеин и DLT и квантен компјутер.

Во текот на настанот, 13 земји ќе го покажат својот финтек екосистем. Финтек центрите ќе ги презентираат можностите, стимулациите и програмите за забрзување, во овие земји спаѓаат Велика Британија, Франција, Луксембург, Ирска, Шпанија, Португалија, Белгија, Сингапур, Казахстан, Литванија, Русија, Полска и Маурициус. Претставниците од осигурителната индустрија ќе се состанат еден-на-еден со претприемачи и професионалци во ова поле.

Повеќе од 50 стартапи ќе се претстават пред потенцијалните инвеститори и клиенти. Стартапите со иновативни решенија за блокчеин, вештачка интелигенција, плаќања, иншуртек, финансиско управување и анализа на податоци ќе направат презентации за нивната деловна понуда.

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: