Нови насоки за осигурувањето во охридскиот регион од УНЕСКО - Bits of insurance

Нови насоки за осигурувањето во охридскиот регион од УНЕСКО

Општината Охрид на чело со в.д. градоначалникот Константин Георгиевски на 3ти март реши да ја одземе дозволата за градба на спорниот хотел во Лагадин. Инвеститорот не смее да продолжи гради, но има право на жалба до второстепената Комисија. Претходно било утврдено дека изградбата на хотелот прекршува 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот. Хотелот беше во фокусот на охридската јавност по посетата на премиерот Зоран Заев на Охрид и изјавата за поддршка на доградбата. Сепак општината не постапи во согласност со изјавата.

Како осигрурителите треба да пристапуваат при осигурување на вакви објекти и општо на објекти кои што претставуваат потенцијални загрозувачи на светските природни блага заштитени од УНЕСКО?

Во текот на јули 2018та година на конференција на тема осигурувањето на областите заштитени од УНЕСКО се потпиша на првата изјава на светската осигурителна индустрија за заштита на области под заштита на УНЕСКО а во текот на 2019та година ќе се изгради и комплетна осигурителна страгегија.

„Ги подржуваме овие чекори за заштита на вредните природни вредности “, коментира Мехтилд Раслер, директор на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Овој водич дава огромен придонес во заштитата на најранливите места насекаде во светот.

Главната цел на прирачникот е да ги води осигурителите како да го спречат или намалат ризикот од осигурување на компании чии активности можат да наштетат на некои од локациите под заштита на УНЕСКО. Областите кои се под заштита на УНЕСКО обезбедуваат витални ресурси, како што се храна, вода, лекови и енергетски ресурси. Тие, исто така, обезбедуваат важни екосистемски услуги, како што се стабилизација на почвата, превенција од поплави и заробување на јаглеродот. Овие “скриени услуги” ја зголемуваат нашата отпорност кон најштетните влијанија на климатските промени.

Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости.

Областите под заштита на УНЕСКОзначително придонесуваат за економскиот развој на и го зајакнуваат брендот на туристичките места. Тие допринесуваат за отворање работни места. Сепак, иднината на голем дел од локалите заштитени од УНЕСКО ширум светот е под закана. Речиси половина се загрозени од активности како: екстракција на фосилни горива, нелегално сечење, масовен риболов, неодржливо користење на водните ресурси и изградба на големи инфраструктурни проекти како што се автопати, брани и цевководи.

Се надеваме дека со помош осигурителните компании, овие проблеми ќе се решат или барем значително ќе се намалат.

 

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: