Блокчеин технологијата - трансформативна сила во осигурителната индустрија - Bits of insurance

Блокчеин технологијата – трансформативна сила во осигурителната индустрија

Осигурителната индустрија константно се трансформира користејќи ги технолошките достигнувања. Особено влијание има технологијата која се покажа како посуштинска од било која друга – блокчеин технологијата.

Бројот на блокчеин апликации во осигурувањето расте секојдневно. Речиси половина oдносно 46% од осигурителните компании очекуваат да го интегрираат блокчеинот во наредните две години, а мнозинството т.е 84%  велат дека користат блокчеин базирани услуги и паметни договори со кои го обновуваат начинот на кој тие се ангажираат со нови партнери.

Популарноста на блокчеин можеме да ја воочиме од тоа што 1.91 милијарда долари се инвестирани во 891 блокчеин стартапи од почетокот на 2017 година. Јасно е дека во следните неколку години, секој главен играч во оваа индустрија ќе користи блокчеин на некој начин. Ово создава огромни можности и за помалите осигурителни компании кои не се толку ентузијастични кон прифаќање на промени.

Покрај порастот на онлајн брокерите многу потрошувачи сѐ уште телефонски купуваат нови полиси од осигурителните брокери. Полисите често се обработуваат на хартиени договори што значи дека побарувањата и плаќањата се склони кон грешки и често бараат надзор од луѓето. Зголемувањето на овие грешки влијае врз потрошувачите, брокерите, осигурителните компании и реосигурувачите како и врз главниот продукт на осигурувањето – ризикот.

Примери од имплементации на blockchain во осигурителната индустрија

Многу е корисно да се промовира знаењето и експериментирањето на развојните технологии во сите фази на овој процес. Осигурителните гиганти и стартапи се обидуваат да го зголемат користењето на блокчеин технологијата за да спречат осигурителни измами, дигитално следење на медицинските досиеја и да искористат бројни други бенефиции. Блокчеинот има способност да биде трансформативна сила за индустриите како на пример осигурителната, за кои е потребна координација и соработка на многу различни посредници.

Осигурителните компании и стартапите кои работат со блокчеин технологија ќе мора да ги надминат значајните регулаторни и правни пречки пред да видиме нешто доволно значително за да предизвика промена во целата индустрија. Скептиците истакнуваат дека постојат сериозни пречки за блокчеин технологијата во индустрија која се уште не целосно ги има прифатено клауд решенијата.

 

Тамара Илиева