Вештачката интелигенција ја презема осигурителната индустрија - Bits of insurance

Вештачката интелигенција ја презема осигурителната индустрија

Сте се запрашале ли како ќе ни изгледа денот во во 2025та? Се будите, на вашиот рачен часовник кој е поврзан со осигурителната компанија проверувате колку долго сте спиеле и го надгледувате срцевиот ритам и дишењето. Додека се возите на работа, сензорите на автомобилот (од истата компанија) ја следат вашата брзина и кочење. По пат, земате појадок за кој што плаќате електронски, а трансакцијата и содржината на калории се евидентираат исто така. Сите овие податоци во реално време ги отсликуваат вашите ризици и ја коригираат премијата на вашите полиси.

Ако изгубите контрола на возилото и имате сообраќајна несреќа, телефонот пробува сам да се поврзе со вашата осигурителна компанија. Гласот на другиот крај веќе ви го знае името и локацијата и ви соопштува дека чита смирување на виталните знаци на вашиот часовник. Ве прашува дали сакате сепак да биде повикано возило за брза помош и се обидува да ве смири пријатно разговарајќи со вас за вашето домашно милениче и натпреварот во кој што учествувал вашиот омилен фудбалски тим за време на викендот.

Пријатниот грижлив глас е софтвер. Причината што “знае” толку многу за вас е бидејќи осигурителната компанија користи вештачка интелигенција за да добие информаци за вас од социјалните мрежи, од вашата историја за пребарување и купување. Знае и многу повеќе, затоа што им дозволувате да ги следат вашите лични уреди во замена за поевтини премии за осигурување.

Пониски премии во замена за вашата приватност?

Ова не е научна фантастика! Повеќе од 75% од директорите во осигурителните компании веруваат дека вештачката интелигенција ќе ја револуционизира индустријата во рок од неколку години. До 2030 година, според футуристите на McKinsey, вештачката интелигенција ќе значи дека премиите за животното и автомобилското осигурување би можеле да се променат врз основа на тоа дали ќе одлучите да тргнете по еден или друг пат.

Тоа ќе ви биде продадено преку ветување на по-персонализирана услуга, побрза обработка на побарувањата и пониски премии – и во најголем дел овие ветувања ќе бидат исполнети. Добрите возачи ќе добијат далеку поевтини премии. Тоа е концепт кој што десетици осигурителни компании од САД веќе неколку години го спроведуваат со телематик сензорите кои ги инсталираат во возилата.

Предностите што ги нуди вештачката интелигенција

Бенефициите што ги нуди вештачката интелигенција се неизмерни. Петтиот по големина европски осигурител Zurich Insurance Group веќе ги има согледано овие бенефиции и се обидува што повеќе да ги користи. Нивниот претседател Том де Сван изјавува дека тие користат софтвер за вештачка интелигенција при обработката на барањата за штети за лична повреда. Истражувањето при имплементацијата на овој софтвер покажале дека времето за обработка на податоците од еден час се намалиле на само неколку секунди.

“Неодамна заклучивме дека користењето на вештачката интелигенција при обработката на барањата за штетни настани заштеди 40.000 работни часа. Времето за обработка на оштетните барања го забрзавме на само пет секунди!” – изјави Том де Сван за Ројтерс, откако осигурителот во март почна да користи софтвер за да ги ревидира документите, како што се медицински извештаи.

“Апсолутно планираме да ја прошириме употребата на овој тип вештачка интелигенција”, рече тој.

Дали компаниите се почнати со користење на вештачката интелигенција?

Осигурителните компании се во трка за искористување на придобивките од технолошките достигнувања, како што се обработка на податоците (big data)  и вештачката интелигенција. InsurtTech стартапите како Lemonade Inc влегуваат на пазарот и нудат прекрасни можности за осигурителите.

Lemonade им ветува на изнајмувачите и сопствениците на куќи – осигурување за само 90 секунди и исплата на побарувања во три минути со помош на ботови за вештачка интелигенција кои поставуваат полиси и процесни барања.

Јапонскиот осигурител Fukoku Mutual Life Insurance започна со вклучување на вештачка интелигенција во јануари, заменувајќи 34 членови на персоналот кој оди на извиди на штетите за кое ќе заштеди 140 милиони јени (1,3 милиони долари) годишно. Британскиот осигурител Aviva, исто така, во моментов се фокусира  кон користењето на вештачка интелигенција.

Де Сван од ZurichRe изјави дека не се плаши од конкуренцијата која доаѓа од технолошките гиганти како што се Google Alphabet или Apple кои најавија влегување во осигурителниот пазар. Некои од овие технолошки компании имаат изразен интерес за соработка со ZurichRe.

Вештачката интелигенција дефинитивно има што да им понуди на осигурителните компании. Поради тоа светските осигурителни компании се повеќе го истражуваат овој феномен и ги вклучуваат во нивните системи. Останува да го чекаме моментот вештачката интелигенција да стане дел и од македонските осигурителни комапнии со цел да имаме побрзи, поефикасни и повеќе персонализирани услуги.

 

Тамара Илиева