Дали технолошката револуција во осигурителната индустрија ќе ги остави луѓето без работа? - Bits of insurance

Дали технолошката револуција во осигурителната индустрија ќе ги остави луѓето без работа?

Се верува дека вештачката интелигенција ќе биде водител во трансформирањето на осигурителната индустрија. Во минатото воведувањето на машините и софтверот воведоа заштеди за компаниите но и отпуштања.  Според Катриона Валас, извршен директор на компанијата за машинско учење Flamingo A, вештачката интелегенција нема да доведе до масовни технолошки вишоци.

“Нема потреба од страв поврзан со новата технологија. Вештачката интелигенција ќе ја зголеми ефикасноста и ќе предизвика раст на приходите, но најверојатно нема да резултира со голем технолошки вишок. До 2026 година, 40% од работните места во секторот на финансиски услуги ќе бидат автоматиризани. А за само две години, 30% од сите интеракции со купувачите ќе бидат управувани од ботови.

Машините се тука, роботите постојат и во осигурувањето можат да направат некои навистина добри работи. Овој е најбрзорастечкиот технолошки сектор во светот. Минатата година беа инвестирани 7 милијарди долари. Во текот на следните пет години кога организациите навистина ќе почнат со зголемено искористување на способноста на вештачка интелигенција, овој сектор ќе се зголеми за 12 пати.“ изјави д-р Валас. Таа вели дека вештачката интелигенција се споредува со откривањето на оганот и електричната енергија.

“Тоа не е нарушување, туку трансформативна моќ. Вештачката интелигенција не е само алатка за анализа која им помага на осигурениците да донесуваат подобри одлуки, туку може и да одговора на прашања, да продава полиса за осигурување и да спроведе барање за штета.”

Д-р Валас вели дека кога индустријата за финансиски услуги почна да аутсорсува работни места се јавила голема паника за губењето на локалните работни места. Но, таа вели дека ова не се случило, и предвидува дека ситуацијата ќе биде иста и со вештачката интелигенција.

“Историски гледано, секогаш кога сме биле во ваква ситуација, немало голема загуба на работни места биле создадени нови работни места. Не можам да кажам дека тоа нема да се случи во иднина, но до сега сме немале никакво искуство со загуба на работни места воопшто поврзани со нашите клиенти во осигурителната индустрија. Луѓето не се непотребни или ослободени, всушност само се ослободуваат да вршат друга работа. Имаме обврска како индустрија да осигураме дека луѓето кои се ослободени од работа поради доаѓањето на вештачката интелигенција или се преквалификувани или им се даваат можности на друго место”.

Брзиот технолошки напредок во следната деценија ќе доведе до бурни промени во осигурителната индустрија. Вештачката интелигенција ќе биде еден од носителите на промените со кои ќе се овозможи креирање на иновативни производи, учење од нови извори на податоци, насочување на процесите намалување на трошоците и надминување на очекувањата на клиентите за индивидуализација и динамична адаптација.

Визионерските компании кои размислуваат и веќе ги имаат воочено бенефициите се фокусирани на создавање можности од новите технологии – наместо да ги гледаат како закана за нивниот сегашен бизнис. Токму тие ќе постигнат значителен напредок во 2030 година. Осигурителната индустрија ќе се облагороди значително со промените што ги носи напредокот во технологијата. Услугите за крајните корисници ќе се побрзи, компаниите ќе ги намалат трошоците за испитување на штети, предвидените актуарски модели на портфолијата ќе се поблиски до реалноста. На некои компании овие промени ќе им донесат пораз а на некои ќе се олесни патот до врвот.

 

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: