Биткоин - најголемата можност за богатство - Bits of insurance

Биткоин – најголемата можност за богатство

Криптовалутите спас за макроекономските проблеми
“Има навистина добри шанси да имаме нешто подобро од златото. Тоа е како CDS (credit default swap) против неодговорноста на фискалната и монетарната политика “, изјави Travis Kling, CEO на крипто фондот Ikigai Asset Management на 7-ми февруари годинава, на Cayman Alternative Investment Summit. Основачот на Ikigai потенцираше дека се уште е рано за крипто индустријата. Додавајќи дека мнозинството од 10-годишната историја на биткоин беше само подготовка за нејзиниот понатамошен развој.

Што е CDS (credit default swap)?
CDS претставува договор со кој купувачот на корпоративен или државен долг се обидува да ја елиминира можната загуба која произлегува од неисполнување на обврските од страна на издавачот на обврзниците. Ова го постигнува издавачот на обврзниците осигурувајќи ги потенцијалните загуби на купувачот. Односно, CDS е инвестиција каде што плаќаш на некој да ти плати ако некоја компанија се откаже од плаќање на нејзините обврзници. CDS e како осигурување на обврзници но има неколку битни разлики од осигурувањето:
– Осигурителните компании се осигуруваат дека си сопственик на тоа што го осигуруваш, а можеш да купиш CDS за обврзници на кои не си сопственик.
– Владата воведува правила за осигурувањето односно прописи, но се уште не воведува никакви прописи за CDS

– Осигурителните компании мора да имаат доволно финансиски средства во случај голем број од нивните клиенти да треба да подигнат осигурување истовремено. Поради тоа што не постојат многу правила за CDS продавачите, тие не мора да бидат толку внимателни.

Бидејќи никој не се осигурува дека ги имате обврзниците за кои купувате CDS, луѓето можат да шпекулираат за нив преку купување на CDS на компании за кои сметаат дека ќе дојдат во неволја.

Дали е на повидок нова финансиска криза?
Според CNN, овој тип на финансиски инструмент предизвика значајно забрзување на финансиската криза во 2008 година, кога еден од главните издавачи на нив, AIG, речиси банкротираше.

Во моментов големите акумулации на долгови од страна на централните банки се алармантни и постои страв од повторување на ситуацијата во 2008 година.

Високите буџетски дефицити и ниските каматни стапки на крајот можат да доведат до хипер-инфлација што ќе ја намали вредноста од американскиот долар.

Како криптовалутите се решението за ова?
Биткоинот, често наречен и  дигитално злато, дели многу сличности со благородните метали – преносливост, деливост, флексибилност и се разбира недостиг. Побитно од сличностите, биткоинот се покажа како добра заштита против финансиската криза.

Според Kling Ова ќе биде сценариото за масовно усвојување на децентрализирана валута, кој не е сам со својот став за криптовалутите. Morgan Creek Capital Management е еден од голем број големи финансиски институции кои лансираат производи базирани на криптовалутите.

“Ние веруваме дека биткоин ќе биде една од, ако не и најголемата мрежа на планетата. Ние сме во средината на најголемата можност за богатство … Тоа ги надминува сите наши имагинации “, додаде основачот и извршен директор на Morgan Creek, Mark Yusko.