Алан - стартапот кој собра инвестиции од 40 милиони евра - Bits of insurance

Алан – стартапот кој собра инвестиции од 40 милиони евра

Алан е првата дигитална здравствена осигурителна компанија во Европа. Тие го револуционизираат здравственото осигурување преку фокусирање на корисничкото искуство со одличен сооднос на цената и квалитетот на здравствениот план

Платформата за дигитално здраствено осигурување развиена од парискиот стартап Алан, собра 40 милиони евра во инвестиции од серија Б само 10 месеци после инвестициската рунда А, со што вкупните инвестиции достигнуваат 75 милиони евра. Во скорешната инвестиција инвеститори беа Index Ventures и DST Global.

Алан е стартап, основан во 2016 кој што се занимава со многу специфична индустрија пазарот на здраственото осигурување во Франција, а наскоро ќе се прошират и низ цела Европа. Компанијата сака да создаде добро дизајниран осигирителен производ со транспарентни цени и полиси за да ја направи здраствената грижа подостапна а капиталот главно ќе биде посветен на развој на нови услуги, зголемување на клиентската база и отварање на нови работни места.

Во Франција, секој вработен е осигуран со националниот здравствен систем за основни надоместоци, а со приватна осигурителна компанија за поскапи третмани. Освен тоа, осигурителните компании ги занемаруваат производите од овој тип а тоа создава огромна пазарна можност за Алан.

Со неодамнешната  најава за финансирање, стартапот сподели неколку бројки. Само во 2018 година, компанијата го зголемила портфолиото од 5.000 на 27.000 осигурени лица. Со ова приходите скокнале од 4 до 25 милиони долари (3,5 милиони евра на 22 милиони евра). Алан е фокусиран на фриленсери, како и на мали и средни компании.

“Ние се обидуваме да го направиме процесот на осигурување инстантен, во врска со покривање и надоместоци”, изјави ко-основачот и извршен директор Jean-Charles Samuelian.

Но, примарната цел на Алан е да се формира подобро здраство во целина, а не само осигурителни производи. Па, останува да видиме како тие можат да го искористат овој прилив на средства за поедноставување на здравствената заштита воопшто.

 

Тамара Илиева