Дали сајбер нападите водат во поднесени барања? - Bits of insurance

Дали сајбер нападите водат во поднесени барања?

Свесноста за опасноста од сајбер нападите се повеќе се зголемува. Луѓето се повеќе се информираат за овие опасности преку медиумите, тренинзите во компаниите или уште полошо информирани се од прва рака колку се штетни. Според предвидувањата на аналитичарите, глобалната осигурителна технологија ќе стане индустрија од 1,1 милијарда долари до 2023 година, со зголемена функционалност на аналитиката и вештачката интелигенција за забрзување на иновациите во осигурителниот пазар.

Дали сајбер нападите имаат најголем број на поднесени барања?

Корпоративните клиенти се движечката сила која е одговорна за растот на индустријата Insurtech, при што заштитата од загуби од сајбер нападите е популарна цел меѓу во Insurtech индустријата. И покрај фокусот на сајбер-заштитата, новиот извештај од осигурителната компанија Allianz Global Corporate & Specialty вели дека најпопуларниот вид на барања поднесен од корпоративните клиенти е всушност категорија која што не ја очекувале.

Во анализата на 470.000 тврдења за корпоративно осигурување во 206 земји, во вкупен износ од 66,5 милијарди американски долари, Allianz во својот извештај за Global Claims Review утврдил дека пожарот и експлозиите биле најголеми причини за загуба помеѓу 2013 и 2018 година. Истражувачите рекоа дека високите трошоци се должат на немирите од пожари и експлозии, вклучувајќи фабрички, гасни и електрични пожари. На второ место за највисокиот трошок за корпоративно осигурување се воздухопловните судири и несреќи.

Природните катастрофи меѓу последните во однос на корпоративни барања за осигурување

И покрај популарноста на загубите поврзани со природни катастрофи, особено смртоносните урагани во САД во 2017 година, оваа категорија всушност се спушти речиси на дното на листата во однос на вредноста на корпоративните барања за осигурување. Освен тоа, порастот на сајбер-осигурителните производи достапни за бизнисите, се уште не се совпадна со појавата на загуби поврзани со сајбер.

Генерално, рече тој, организациите треба да земат сеопфатен поглед на нивните операции и ризиците со кои се соочуваат.

“Она што мислам дека се уште е област каде што бизнисите можат понатаму да се анализираат и да преземат мерки на претпазливост е во нивните синџири на снабдување и барања поврзани со потенцијалниот прекин на бизнис”, рече тој. “Разбирањето на синџирот на снабдување и изнаоѓање на начини да го направиме поотпорен, мислам дека е за нашите осигуреници, но и за нас, нешто што е уште област за работа. Големите корпорации имаат илјадници, а понекогаш и десетици илјади добавувачи, па затоа е многу комплексна задача. “

Кои се главните причини за финансиска загуба на корпорациите?

Подолу, PYMNTS ги раздвојува броевите во извештајот за Global Claims Review, идентификувајќи ги најголемите причини за финансиска загуба за корпорациите, што имаат доведено до масовни барања за осигурување.

16 милијарди долари: вкупната вредност на корпоративните барања за осигурување поврзани со загуби од пожари и експлозии. Тоа значи дека пожарите и експлозиите учествуваат во речиси една четвртина од сите барања за корпоративно осигурување помеѓу 2013 и 2018 година.

Четиринаесет проценти од вредноста на корпоративните барања за осигурување се поврзани со авионски судири и несреќи. Покрај повисоките трошоци за такви инциденти, пософистицираната (и, со тоа, поскапа) воздухопловна опрема и зголеменото нарушување на поширокиот воздушен сообраќај и операциите на аеродромите, доведоа до загуби во оваа категорија. Меѓутоа, важно е да се забележи дека Allianz е еден од најголемите обезбедувачи на осигурување во воздухопловниот простор, што значи дека податоците на Allianz не можат да го претставуваат целиот пазар на осигурување.

Седум проценти од тврдењата се поврзани со природни катастрофи, за кои се вели дека извештаите се особено значајни наоди, со оглед на зголемениот говор за влијанието на природните катастрофи врз корпоративните клиенти и синџирот на снабдување.Се верува дека оваа бројка ќе се зголеми, бидејќи корпоративната изложеност на природни катастрофи се качува, благодарение на “меѓузависноста на производствените синџири”. Дури и ако еден клучен снабдувач е во зона на катастрофи, тој рече дека прекините и загубите може да бидат високи.

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: