Биткоинот стана национална валута на Шведска - Bits of insurance

Биткоинот стана национална валута на Шведска

Група хакери влегоа на Твитер профилот на владејачката партија на Шведска и го прогласија биткоинот за национална валута на земјата, објави Bitcoinist.

photo_2019-04-18_11-11-24

 

“Ставаме крај на шведската крона и ја заменуваме со биткоин, време за купување!”, Пораката се појави на Твитер на шведската Социјалдемократска партија.

Тоа траеше 30 минути, по што техничката поддршка се сомневаше дека нешто не е во ред. Сепак, хакерите дури и успеале извесно време да ја убедат техничката поддршка дека се легитимни сопственици на сметката – напаѓачите ги смениле телефонските броеви, адресите на е-пошта, па дури и обезбедија лажни документи што ги прифатил Твитер.

Исто така, хакерите успеаја да го заменат името на профилот од социјалдемократите со биткоин-демократи и да го додадат симболот на биткоин на официјалното лого на партијата.

Подоцна, тимот на Твитер сепак го отстранил постот и го врати пристапот до сметката до вистинските сопственици.

Еден од петте хакери во едно интервју со локален весник го објасни овој чин на несогласување со идеите на социјализмот.

“Јас само мислам дека социјализмот е погрешен”, рече тој.

Интересен факт е дека во Шведска активно се истражува можноста за создавање државна дигитална валута. Така, централната банка на земјата работеше на при-пејд е-крона проект од почетокот на 2017 година.

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: