Македонија2025 објавува оглас за вработување - Bits of insurance

Македонија2025 објавува оглас за вработување

Македонија2025 објавува оглас за вработување на Економски аналитичар/ Истражувач

Организацијата Македонија2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.

Заради остварување на нашата мисија потребни ни се економисти кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица, со силни аналитички способности.

Во моментот, во Македонија2025 слободни се следните работни позиции:

  • Економски аналитичар/ Истражувач

Опис на работни задачи:

Да учествува во економските истражувања на Македонија2025, да подготвува економски анализи и извештаи, да учествува во подготовка на проектни апликации и да дава административна поддршка на директорот во областа на истражувањето.

 

Освен општите услови предвидени со Закон, кандидатoт треба да ги исполнува и следните квалификации:

  • Магистратура во областите на економски развој, макроекономија, финансиски систем и сродни области, со просек од најмалку 8.50 (или еквивалент);
  • Познавање алатки за применета статистичка анализа и напредна компјутерска писменост;
  • Работно искуство во економско истражување (институционално или на проекти) од минимум 4 години;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, со минимално надгледување.

 

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Работно искуство / пракса во странска истражувачка институција;
  • Завршен најмалку еден циклус на студии на странски универзитет.

 

 

За работното место се потребни следните лични карактеристики:

  • Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
  • Способност за јасно и концизно изразување при пишување;
  • Способност за синтеза, но и способност за контекстуализација (гледање на големата слика);
  • Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
  • Креативност и само-иницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
  • Екстровертност, со способност за појавување и говорење во медиумите;
  • Навременост и строго почитување рокови;
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа.

 

Начин на аплицирање:

Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на [email protected]. Документите треба да содржат најмалку:

  • Професионална биографија;
  • Мотивациско писмо (најмногу една страна);
  • Референци од претходни работодавачи/проектни координатори;
  • Пример за една економска анализа или публикација која е авторско или ко-авторско дело на кандидатот.

Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Почеток и завршеток на работно време: Од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.

Основна нето плата: 30.000 МКД

Рокот за доставување на апликаците е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Огласот е објавен на 03.04.2019 и активен до 18.04.2019.

Повеќе информации на официјалната веб-страна ОВДЕ.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: