Хуманитарна велигденска изложба во Осигурување Триглав - Bits of insurance

Хуманитарна велигденска изложба во Осигурување Триглав

Триглав Осигурување, Србија од вторник, 23 април ќе биде домаќин на велигденска хуманитарна изложба во Центарот за сместување и дневен престој на деца и млади со попречен развој. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 25 април 2019 година.

Секој ден во периодот од 9 до 15 часот во седиштето на Триглав Осигурување во нов Белград, авторите заедно со нивните старетели ќе ги презентираат авторските дела инспирирани од престојните празници. Сите средства собрани со продажбата на овие ракотворби ќе бидат инвестирани во набавка на нов материјал за младите уметници.

Триглав Осигурување  исто така ќе учествува во хуманитарната акција заедно со Драган Марковиќ, претседател на Извршниот комитет на Осигурување Триглав во Србија. Се очекува клиентите и луѓето со добра волја да се придружат и да помогнат во акцијата со купување на трудовите на жителите на Центарот за сместување и дневен престој за деца и млади.

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: