Предностите на big data со кои осигурителната индустрија ќе ги подобри своите процеси - Bits of insurance

Предностите на big data со кои осигурителната индустрија ќе ги подобри своите процеси

Со растот на барањата на потрошувачите расте и потребата за поефикасен начин за испитување на ризиците. Можностите кои ги нудат big data анализите во помагањето на компаниите да го трансформираат начинот на кој тие ги гледаат и се справуваат со огромниот број на информации од потрошувачите се бесконечни. Ова ќе има влијание не само на услугите кои ги нудат туку и на нивниот опсег на производи како и на нивните цени.

Сега предизвикот е  фирмите да ја сфатат моќта што ја има оваа иновација. Многумина сé уште се скептични во врска со проблемите со приватноста, додека други не се сигурни од каде да започнат. Но, како што индустријата продолжува да се трансформира, успехот на осигурувачот на крајот ќе биде одреден од тоа како тие можат да ја искористат технологијата во своја корист.

Современите бази на податоци им овозможуваат на осигурениците да ги споделат, да научат и да ги користат тие податоци со цел да дојдат до подобри цени и производи. Колку повеќе ги агрегираме, ослободуваме и ги поткрепуваме податоците; производите треба да се подобрат, како што треба и цените.

И покрај експлозијата на осигурителни компании кои инвестираа во insurtech изминатите четири години, дел од осигурителните компании се уште не се отворени за инвестирање. На крајот на краиштата, оние што не иновираат и инвестираат, на крајот ќе страдаат додека пазарот се менува и целосно напредува со дигиталната трансформација.

Со оглед на тоа дека индустријата созрева технички и се повеќе се модернизира, ќе видиме неверојатна вредност бидејќи вештачката интелигенција, машинското учење и автоматизација почнуваат да ги ослободуваат луѓето од безначајните мануелни задачи. Со тоа им се овозможува да се фокусираат повеќе на стратешкиот и вреден ангажман со клиентите. Поточно, очекуваме да видиме подобра транспарентност на цените, подобар дизајн на производи и низа други карактеристики што произлегуваат од понапредните индустрии.

 

Тамара Илиева