Елон Маск открива планови за осигурителен производ на Тесла - Bits of insurance

Елон Маск открива планови за осигурителен производ на Тесла

За коосновачот и извршниот директор на Тесла, Елон Маск периодов беше навистина тежок. Тесла се соочи со неочекувана нето загуба од 702,1 милиони долари во првиот квартал од 2019 година, поради падот на продажбата на електрични автомобили во комбинација со огромна исплата на долговите на автомобилската компанија.

Но како што се очекува, технолошкиот претприемач Маск има план во својот ракав. Според извештаите на TechCrunch, главниот извршен директор потврди дека Тесла планира да започне сопствен осигурителен производ во мај.

Покриеноста која што ќе ја понуди има намера да биде “многу попривлечна” опција за осигурување отколку опциите со големи премии кои ги имаат денес сопствениците на Тесла, рече тој. Додека извршниот директор не се нурне во деталите за тоа како Тесла ќе понуди “попривлечно” осигурување, тој навести дека е поврзан со податоците од тоа како луѓето ги возат своите возила до кои Тесла има пристап.

Според Елекртек, сопствениците на Тесла честопати наплатуваат многу високи премии за осигурување. Тоа е причината зошто фирмата ја започна програмата InsureMyTesla пред неколку години, во коja Тесла работи со осигурителни компании за да ги намали трошоците за осигурување.

Сега Маск планира да ги направи работите чекор понатаму. Како што вели PC Mag, новата програма за Тесла осигурување изгледа дека може да се управува целосно од дома. Маск рече дека премиите ќе се пресметуваат врз основа на податоците за возењето и дека возачите на Тесла, кои сакаат да се осигураат со програмата, ќе мора да се согласат “да не го возат автомобилот на луд начин”.

 

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: