Воздухопловно-техничкиот кадар да се обучи за сајбер заканите - Bits of insurance

Воздухопловно-техничкиот кадар да се обучи за сајбер заканите

Потребна е специјализација на воздухопловно техничкиот кадар со што ќе се подигне нивото за справување со сајбер предизвиците, порачаа учесниците на Европскиот регионален состанок на Меѓународната федерација на здруженија за безбедност на електрониката во воздушниот сообраќај (ИФАТСЕА), што се одржува од 09-ти до 11-ти месецов во Скопје во организација на Македонската авиотранспортна техничка асоцијација МАТТА.

Покрај за обуките и лиценцирањето на воздухопловно-техничкиот кадар, новите комтенеции и вештини, учесниците на конференцијата дебатираат и за новата областна европска регулатива, новите технологии, развојот на автоматските решенија… Изнесуваат видувања за клучните предизвици со очекување надлежните власти, меѓу кои и Европската комисија, да ги уважат забелешките со цел да се подобри безбедноста во авиосообраќајот.

Според Сергеј Георгиевски, претседател на МАТТА, на домашниот воздухопловен технички кадар му се потребни повеќе обуки за секторите во коишто е ангажиран, како и за сајбер секјурити што сега не е случај.

– Поради севкупниот тренд на зголемување на авиосообраќајот бројот на прелети е зголемен и над државава, што претставува посебен предизвик и за нас за да може да го поддршиме на најсодветен начин. Потребно е да ги имаме најдобрите кадри кои ќе бидат обучени. На нашиот воздухопловен технички кадар му се потребни повеќе обуки за секторите каде се анагажирани и се надевам дека тоа ќе се подобри. Овој кадар во државава брои околу 40-ина луѓе, поделени сме во различни области и секој има своја специјализација, но за жал нема таква специјализација како што е сајбер секјурити. Целта на оваа конференција е да укаже меѓу другото на тие воочени недостатоци кои би требало да се подобрат, изјави Георгиевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Како што беше посочено на конференцијата таква е состојбата и во другите држави. Сега во регулативата нема обврска и е оставено е тоа да биде факултативно. Се очекува тоа да се промени и овој кадар да биде подготвен за новите предизвици.

Георгиевски рече дека во домашниот систем досега немало случај со сајбер напад, поради, како што рече, прилично старата опрема што датира од 2002 година. Очекува со новата опрема што треба да биде набавена наскоро да бидеме подготвени да одговориме на евентуалните сајбер ризици.

– Напредните технологии овозможуваат поврзување на поинаков начин кој во денешно време станува подложен на тн. сајбер секјурити напади. Државава дели радарски податоци со соседите, како Бугарија, Србија, Грција, коишто влегуваат во мултислика којаштои овозможува сигналот со кој ќе одат воздухопловите во авијацијата да биде постојан и без прекини. Но за жал, тие комуникациски сигнали доаѓаат по патишта кои не се секогаш отпорни на таквите напади, рече Георгиевски.

Сајбер нападот, укажа, е компексна работа при кој не мора да значи дека нема да се добиваат вистинските слики или дека нема да се добиваат воопшто. – Таа комплексна работа може да значи дека сликата ќе биде деградирана, можеби ќе има слика, но нема да биде со толкава резонантност како што би требало да биде, но сепак се работи за потреба од севкупно покривање на територијата на Северна Македонија, како и резонантност од најголемо можно ниво бидејќи сепарацијата неодамна на воздухопловите над европското небо вклучувајќи го и небото над државава е намалена, што значи дека ни е потребна поголема прецизност и сигурност во податоците што ги употребуваме, наведе Георгиевски.

На конференцијата на ИФАТСЕА којашто работи на промовирање и подобрување на безбедноста на воздушниот сообраќај во светот учествуваат 50-ина претставници од домашни и меѓународни институции, меѓу кои и од Европска комисија, Еуроконтрол SESAR програмата, CANSO, ATCEUC, IFATCA.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: