Вредноста на биткоин достигна нов врв - Bits of insurance

Вредноста на биткоин достигна нов врв

Биткоин се искачи на највисоко ниво од септември, надминувајќи 7.000 долари, со што повторно оживеа тргувањето на криптовалути за време на викендот.

Биткоин се зголеми за 11 отсто на 6.981,45 американски долари, откако претходно достигна 7.585 американски долари и се зголеми за повеќе од 1.000 американски долари овој викенд.

Најголемата криптовалута доживува голем раст во споредба со тоа што беше околу 5.000 долари на почетокот на мај и се зголеми повеќе од двојно во споредба со вредноста од средината на декември. Сепак, останува далеку од својот врв во 2017 година кога достигна 19.000 американски долари.

Непредвидливата иднина на виртуелните валути останува спорна дебата.

 

Тамара Илиева