Како да заштедите на осигурување? - Bits of insurance

Како да заштедите на осигурување?

Со оглед на тоа што се ви треба од осигурителните компании – здравствено осигурување, осигурување на дом, осигурување на живот, осигурување на автомобил – трошоците може да заземат голем залак од вашата банкарска сметка. За среќа, можете да го намалите износот што го плаќате за осигурување без да ја загрозите заштитата.

На некои луѓе, пониска франшиза (износот што треба да го платите пред осигурувањето да почне да ви ги плаќа сметките) им значи дека “нешто добиваат” од планот за осигурување. Други истакнуваат дека плановите со повисоки франшизи се поевтини.

Општо земено, плановите со висока франшиза се многу поевтини од плановите со ниска франшиза.

Осигурувањето е наменето да ги покрие ризиците што не можете да си ги дозволите самостојно. Колку е поголема франшизата, толку е помала премијата. Со зголемување на вашата франшиза до 1.000 евра од 250 евра, можеби ќе можете да ја намалите премијата за околу 25 до 30 проценти.

За поголема заштеда прочитај и каков вид на осигурување ти е потребно.

 

Тамара Илиева