Интелигентни решенија за раст на финтек компаниите - Bits of insurance

Интелигентни решенија за раст на финтек компаниите

Финтек го доживува својот најсладок период. Со тоа што поголемите финансиски институции се принудени да трошат повеќе за да ги исполнат регулаторните мандати, тие имаат помали буџети за финансирање на иновации кои се клучни за задоволување на очекувањата на клиентите.

Напредокот во технологијата ја децентрализираше индустријата за финансиски услуги од нејзините традиционални хабови и отвори сосема нови пазари, особено во Европа и Азија.

И покрај тоа што самите финтек компании ветуваат олеснување и иновации во финансиските интеракции на потрошувачите и зголемување на пристапот до нивните услуги, тие често немаат автоматизација во сопствените финансиски и сметководствени процеси кои даваат суштинска ефикасност и увид во нивниот бизнис.

Со усвојувањето на унифицирана платформа за финансиско управување базирана на облак, финтек компаниите можат да обезбедат исто ниво на ефикасност и иновации во сопствените деловни процеси како нивото во секторот за банкарство и финансиски услуги.

 

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: