Бизнис-форум за развој на конкурентоста на националната економија - Bits of insurance

Бизнис-форум за развој на конкурентоста на националната економија

Бизнис форум „Подобрување на соработката и интеракцијата помеѓу клучните актери во процесот на развој на конкурентоста на националната економија” ќе се одржи денеска во Скопје. Форумот се организира во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари”.

Бизнис форумот има за цел да ја олесни понатамошната соработка меѓу релевантните чинители (мали и средни претпријатија, стопански комори, јавни и образовни институции, здруженија на граѓани) за заеднички настап и учество во активности за подобрување на конкурентоста на национално ниво, на дологорочен план.

Форумот ќе даде посебен акцент на истражувачките и развојните аспекти на процесот на развој на конкурентноста и развојот на националата економија, преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Темите на кои ќе се говори се создавање на услови за поттикнување на инвестициите и инвестирање во постоечките мали и средни претпријатија, можности за раст и развој на мали и средни претпријатија и поттикнување на економската конкурентност на државата преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

МИА