12-тата конференција за осигурување: Индустријата е важна за обезбедување на сигурност за населението и општеството - Bits of insurance

12-тата конференција за осигурување: Индустријата е важна за обезбедување на сигурност за населението и општеството

На 28 мај, во Грција се одржа 12-тата конференција за осигурување со учество на директори на врвни осигурителни компании, во соработка со финансискиот и деловниот портал banks.com.gr, порталот Insuranceworld.gr и списанието, Insurance World.

Меѓу другото, учесниците на настанот разговараа за можностите за пораст на пазарот, природни катастрофи и улогата на осигурувањето, продажбата, иновативните производи, новите трендови како и новите предизвици во осигурителната индустрија.

Анастасиос Петрополос, државен секретар за труд, социјална сигурност и социјална солидарност, го опиша приватното осигурување како дополнителна, а не како замена за јавната социјална сигурност. “Не може да има просперитетна економија за луѓето кои не ги осигуруваат барем животот и здравјето”, рече тој. Меѓу другото, тој истакна дека намалувањето на јавното здравство, вклучувајќи ги и фондовите за социјално осигурување, во периодот 2009-2014 година, е примерок на економската доминација, “што резултира со долг период од 2,5 милиони неосигурени граѓани”.

Можностите на осигурителниот пазар и улогата на приватното осигурување во економскиот раст и здравјето беа дискутирани од гувернерот на Банката на Грција, Јанис Стунарас, кој беше централен говорник на Конференцијата. Тој истакна дека стареењето на населението е еден од најважните предизвици со кои се соочува грчката економија на долг рок.

Тамара Илиева