Сингапур - жариште за ИншурТек? - Bits of insurance

Сингапур – жариште за ИншурТек?

Сметајќи се за едно од најдобрите места во светот за започнување и развој на технолошки стартапи, Сингапур им посака добредојде на многу иншуртек играчи кои сакаат да иновираат и да соработуваат со осигурителната индустрија. Во моментов, иншуртек сцената во Сингапур најдобро може да се опише како просперитетна, но сепак заситена и конкурентена.

Иншуртек се однесува на примена на технологијата во осигурителната индустрија, која е дизајнирана да донесе повеќе заштеди и ефикасност од сегашниот модел. Општо земено, иншуртек се потпира на вештачка интелигенција, машинско учење, блокчеин технологија и IoT.

“Финтек значително ги промени финансиските услуги воопшто, но дури и таму развојот беше релативно бавен. Иншуртек е далеку зад финтек “, изјави извршниот директор на Inszure Стив Тунстал, кој веќе три до четири години е инволвиран во иншуртек, почнувајќи од основите кога иншуртек првпат полета.

Inzsure се обидува да го трансформира искуството од комерцијално осигурување за малите и средните претпријатија во Сингапур преку обезбедување на крај-до-крај услуга и намалување на вкупните трошоци преку својата дигитална платформа.

Од неговите интеракции со разни луѓе, основачот и извршниот директор на Axinan, Веи Жу, кој немал претходно професионално искуство во осигурувањето пред да го основа својот стартап, воочил дека луѓето обично ја сметаат осигурителната индустрија како диносаурус што сѐ уште користи застарени технологии.

 

Тамара Илиева