CNP Assurance стекнува удел на Банката на Кипар во осигурителните единици - Bits of insurance

CNP Assurance стекнува удел на Банката на Кипар во осигурителните единици

CNP Cyprus Insurance Holdings објави дека нејзиниот мнозински акционер – францускиот осигурител CNP Assurances, кој поседува 50,1% од акционерскиот капитал, постигна договор со Банката на Кипар за да се стекнат со останатите 49,9% од акциите на CNP Cyprus Insurance Holdings.

Завршувањето на оваа аквизиција е предмет на одобрување на релевантните регулаторни органи. Затворањето на трансакцијата се очекува во втората половина од 2019 година.

Ксавиер Ларнауди-Ејфел заменик извршен директор на CNP Assurances и претседател на одборот на CNP Cyprus Insurance Holdings, ја истакна довербата на CNP Assurances во атрактивните можности на кипарскиот осигурителен пазар:

“Со задоволството ја заклучуваме оваа трансакција со Банката на Кипар. Исходот ќе го зајакне капацитетот на нашата подружница, лидер во Кипар, да го прошири својот бизнис со целосна поддршка на нашите тимови во Париз. Ние сме многу мотивирани да придонесеме значајно за развојот на осигурителниот пазар во Кипар “.

Такис Фидиа, извршниот директор на CNP Cyprus Insurance Holdings, истакна дека “овој договор значително ќе и потпомогне на CNP CYPRUS Group во постигнувањето на нови амбициозни цели за раст и консолидирање на новите стратешки развои”.

 

Тамара Илиева