Samsung веќе има планови за 6G технологија - Bits of insurance

Samsung веќе има планови за 6G технологија

Во овој конкурентен технолошки свет, повеќето брендови на смартфони се веќе подготвени за 5G конекција. Но, секогаш има некој што е чекор понапред. Чекорот се уште не е направен, но Samsung веќе гледа подалеку од 5G. Да, тоа е 6G.

Се разбира, ова ќе трае уште неколку години откако 5G ќе стане стабилна, но Samsung само сакаше да даде до знање дека нивниот сегашен истражувачки тим за телекомуникации, најверојатно, ќе премине во таа фаза по лансирањето на 5G. Тие се дел од Центарот за напредни комуникациски истражувања, кој е под Samsung Research компанијата, како главен центар за истражување и развој во Сеул. Интересен факт, тие исто така работат на вештачка интелигенција и роботика.

Уште еден интересен факт, брзината на пренос на 6G мрежата е околу 100x повеќе од 5G. Со други зборови, милисекунди се сведени на микросекунди. Samsung не е сам во ова, САД, Кина и Европската унија, исто така, работат на 6G конекција, но нема доверливи извори да го потврдат тоа.

 

Тамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: