Порше нуди сопствено автомобилско осигурување - Bits of insurance

Порше нуди сопствено автомобилско осигурување

Создавањето на осигурителни производи прилагодени на специфични брендови е неистражена област и токму поради тоа Порше одлучи да ги преземе првите чекори на тој пат. Тие одлучија да им понудат на сопствениците нешто уникатно и пред сè, корисно.

Неодамна бјавија дека започнуваат со автомобилска програма за осигурување базирано на километри. Во своето известување, Порше рече дека ова осигурување, произлезено од партнерството со Mile Auto, “ги задоволува уникатните потреби на возачите на Порше , ограничувајќи ги трошоците на поминати километри.” На крајот на краиштата, не секој сопственик на Порше го вози просекот на индустријата од 12.000 до 15.000 милји годишно.

Осигурувањето на Порше ќе ја следи километражата на секое возило на прилично едноставен начин: Потребно е само да го фотографирате одомерот и да ја испратите фотографијата на Порше. Нема потреба од апликација или уред за следење, што според Порше ќе биде во корист за приватноста на сопственикот.

Постојат и други предности исто така. Со осигурувањето на Порше значи дека поправките што произлегуваат од барањата секогаш ќе користат оригинални делови, бидејќи Порше не сака да ги девалвира сопствените автомобили. Продавачот на автомобили, исто така, нуди договорено покритие, што значи дека Порше ќе исплати одредена вредност за автомобилот во случај на целосно губење. Последниов дел е особено важен за сопствениците на постари или колекционерски автомобили.

Автомобилско Осигурување Порше ќе им биде понудено на сопствениците на модели од 1981 или понови, чии возила се сместени во Илиноис и Орегон. Со текот на времето, Порше планира да ја прошири својата понуда за да вклучи дополнителни држави, но нема објавено временска рамка за тоа.

 

Тамара Илиева