Volvo Group соработува со NVIDIA за развивање на напредна платформа за автономни камиони - Bits of insurance

Volvo Group соработува со NVIDIA за развивање на напредна платформа за автономни камиони

Групацијата Volvo потпиша договор со NVIDIA за заеднички развој на систем за автономни комерцијални возила. Системот ја користи платформата за вештачка интелигенција на NVIDIA за обука, симулација и компјутери во возилото. Системот е дизајниран безбедно да се справи со целосно автономно возење на јавни патишта и автопати.

Решението ќе биде изградено врз постоечкиот софтверски слој на NVIDIA за обработка на сензори, перцепција, локализација на мапи и планирање на пат. Со ова ќе се овозможи широк спектар на можни автономни апликации за возење. Спектарот вклучува: товарен транспорт, собирање смет и рециклирање, јавен транспорт, градежништво, рударство, шумарство и повеќе.

“Автоматизацијата создава вистински придобивки за нашите клиенти и општеството во однос на безбедноста и енергетската ефикасност. Продолжуваме постепено да воведуваме автоматски апликации во целиот спектар на автоматизација, од системите за поддршка на возачите до целосно автономни возила и машини. Ова партнерство со NVIDIA е важен чекор од ова патување “, вели Мартин Лундштед, претседател и CEO на Volvo Group.

Што претставува партнерството?

Партнерството со NVIDIA ќе се фокусира на развојот на флексибилен, скалабилен автономен возен систем, кој се планира да се користи прво во комерцијални пилоти. Подоцна се планираат и комерцијални понуди од Volvo Group. Договорот потпишан помеѓу Volvo Group и NVIDIA е долгорочно партнерство кое трае неколку години. И тимот на Volvo го Гетеборг (Шведска) и  оној на NVIDIA во Санта Клара, Калифорнија треба да ги засукаат ракавите бидејќи работата започнува веднаш.

“Автоматизацијата е клучна технолошка област за Volvo Group. Со ова партнерство ќе продолжиме да ја зголемуваме брзината на развој и ќе ги зајакнеме нашите долгорочни способности и средства во рамките на автоматизацијата. Сето ова во корист на нашите клиенти во различни сегменти и пазари “, изјави Ларс Стенквист, главен директор за технологија на Volvo Group.

Стратешките партнерства опфаќаат крај-до-крај компјутерски решенија на кои се базираат автономните возила. Овие решенија вклучуваат: забрзана компјутерска технологија во центарот за податоци за обука на длабоки невронски мрежи, валидација на автономни системи на возила и распоредувањето на платформата NVIDIA DRIVE во возила со целосен софтверски систем за процесирање на сензори од 360 степени, мапирање и планирање на пат.