Историја на осигурувањето - Bits of insurance

Историја на осигурувањето

осигурување

Постојат три фази во развојот на осигурувањето. Зачетоците на осигурувањето се врзани за трговијата и транспортот во Кина и Вавилон. Како причина за тоа се наведуваат бројноста и разновидноста на транспортните ризици.

Зачетоци во осигурувањето

Во кодот на Хамураби напишан околу 1754 година п.н.е. стои дека доколку трговец е нападнат на територијата на Вавлион, власта ќе се погрижи да му ги надомести трошоците. Тоа и претставува основата на осигурувањето – надоместок на штета.

Начелата од кодот на Хамураби се развиле и распространиле во антиката. Така настанале осигурителните заедниците во Грција околу 800 п.н.е.  Тие врз заемна основа ги надоместувале загубите што настанувале при превоз на море. Секој член на заедниците вложувал одредена сума можел да бара оштета доколку се случи штета.

Надградба на овие заедници биле бродските заедници во Персискиот Залив. Тие му набавувале нов брод на сопственикот чиј брод ќе потонел.

Првото комерцијално осигурување и првите осигурителни полиси

Пресвртница е комерцијалното осигурување т.е. формирањето на специјализирани компании кои што заработуваат при осигурувањето. Првата комерцијална компанија е основана во Бриж, Белгија. Најпрво мала белгиска банка нудела осигурување на добра. Банката потоа во 1310 година се трансформира и станува првата осигурителна компанија.

Првите самостојни договори во осигурувањето настанале во почетокот на XIV век во Џенова, Италија.  Со појавата на овие договори, првпат ѝ е дадена јасна и недвосмислена правна форма на економската содржина на осигурувањето. Ова дало силен поттик тоа да стане значајна важна стопанска дејност.

За да ја намалат опасноста на која се изложени, подучени од искуството, соптвеницие на бродови земале осигурување. Во ова осигурување влегувал само еден мал дел од вредноста на одредената стока. Тие истовремено земале во осигурување и дел од вредноста на други стоки во други бродови кои пловеле по различни мориња. На тој начин се овозможувало обезбедување во случај да пропадне едниот брод или стока, да ги компензираат своите загуби со големите заработувачки. Ова претставувало прво свесно организирање на ризичните заедници меѓу лица изложени на лични опасности на разни места и во различно време од страна на едно лице.

Во 1575 Британскиот Парламент ја основа комората за осигурување – Chamber of Insurance.

Многу важен настан за развојот на осигурувањето е пожарот во лондон во 1666та година кој поттикнал да се основаат мноштво осигурителни компании. Од тука почнуваат и зачетоците на познатата Лојд од Лондон.

Модерното осигурување

Со развојот на статистиката и актуарската математика во 19тиот век осигурувањето добило и научна поткрепа. Со тоа премиите станале базирани поблиску до статистичките очекувања. Ова придонесло за ширење на осигурувањето во многу различни области. Во првата фаза во антиката главно било транспортното и поморското осигурување. Во втората фаза во ренесансата најмногу се развило противпожанрото осигурување. Во XIX век доаѓа до експлозија во развојот на многу нови типови на осигурување. Тогаш се развива и реосигурувањето.

Реосигурувањето претставува осигурување на осигурителните компании. Осигурителните компании преземаат ризик од крајните корисници за што наплаќаат надоместок за сервисирање на ризикот. Доколку компаниите можат да продадат повеќе осигурување отколку што имаат финаниски капацитет да поддржат доколку настанат штети тие се обраќаат на други компании или на т.н. реосигурителни компании. Реосигурителните копмании се специјализирани за преземање на ризици од осигурителните компании.

Во XIX век се појавуваат и првите интервенции на државата во осигурувањето со појавувањето на голем број закони што се однесуваат на контролата на работењето на осигурителните друштва. Законите ги опфаќале и договорните односи меѓу осигурителите и осигурениците, како и реосигуритеите и осигурителите.

XX век

Во XX век се јавуваат и нови гранки на осигурување кои претставуваат потреба во модерниот живот  – осигурување моторни возила, машини, кредити, атомски ризици и др.

Осигурувањето е прифатено во социјалистичките земји како важен инструмент на економската заштита од ризик. Важна улога игра фактот што за потребата од еден таков инструмент позитивно гледиште има заземено уште Маркс.

Во Европската унија во1994 се прифатена и потпишана третата генерација на насоки од областа на осигурувањето. Со овие насоки осигурител, кој има седиште во земја-членка на ЕУ, може да работи на целокупното подрачје на Унијата. Насоките не се комплетно остварени поради постоењето на правните пречки. Сепак постои европска здравствена картичка. Се очекува со подлабокото европско интегрирање овие правни пречки да се надминат и да се развие т.н. „европска“ полиса на осигурување.

Македонија денес

Македонската законска регулатива е многу блиска до европската. Ако се изземат продажните измами  и спроведувањето на осигурувањето во Македонија е на европско ниво. Палетата на осигурителни производи е помала од еврпската. А продажбата е воглавно во задолжителното осигурување или пак поврзано со кредит. Позитивен е континуираниот раст на неживотното осигурување и банко осигурувањето.

Компаниите се охрабруваат секоја година да понудат нови производи. Ова влева оптимизам за стигнување на богатата понуда во европските земји. За развојот на осигурувањето покрај компаниите, супевизиското тело и Националното Биро за Осигурување секако се многу важни и медиумите. Во Македонија посветени медиуми за развој на осигурувањето се гласилото на Националното Биро за Осигурување – МК Осигурување. Прва и најквалитетна веб страница посветена на осигурувањето на македонски е токму bitsofinsurance.com.

Четврта фаза во развојот на осигурувањето

Се очекува четврта фаза во развојот на осигурувањето со дигитализацијата на производите. Покрај дистрибуцијата на осигурувањето преку дигитални канали, опслужувањето на штети е веќе воглавно дигитално. Постојат компании кои што имплементираат data science и машинско учење за поквалитетни анализи во осигурувањето.

Во Македонија постојат софтверски компании кои развиваат производи за осигуривање а за прав македонски insurtech startup се смета – Systems for Enterprise.