Не заборавајте да спакувате патничко осигурување! - Bits of insurance

Не заборавајте да спакувате патничко осигурување!

Најверојатно веќе се пакувате за патувањето што со нетрпение го чекате цела година. Сите неопходни работи веќе ви се во куферот – пасошот, кремата за сончање, очилата за сонце… Но, има уште нешто за кое мора да направите место во куферот! Нешто кое што обично е последно на листата, често и заборавено, но сепак неопходно и многу корисно. Да, тоа е патничкото осигурување.

Зошто ви е потребно?

Патничкото осигурување е една од најбитните работи кои задолжително морате да ги земете со вас доколку патувате надвор од државата. Неочекуваните трошоци за медицинска помош во случај на незгода, во странство можат да бидат екстремно повисоки од оние во вашата земја на живеење. Овие значителни трошоци можат да бидат одбегнати многу лесно. Со патничкото осигурување овие дополнителни трошоци ќе бидат спречени во несакана ситуација. Исто така, доколку немате патничко осигурување а ви се случи некоја незгода, во зависност од државата во која престојувате и типот на незгодата, можеби ќе немате доволно достапни финансии за да ја исплатите сумата. Одредени земји имаат прописи кои што не ви дозволуваат да влезете во нив доколку немате патничко осигурување. Целта на овој пропис е да ве заштити од несакани ситуации.

Каде и како да се осигурам најбрзо и најисплатливо?

Барајте поопфатно патничко осигурување, кое би покривало откажување, задоцнување и изгубен багаж од страна на превозникот. Истото треба да опфаќа и спасување во случај на несреќа и итна медицинска помош. Важно е да проверите што опфаќа патничката полиса пред да тргнете на пат во странство. Јавете се и прашајте дали се осигурени активностите со кои ќе се занимавате доколку Ви се случи нешто. Преку патничкото осигурување, Триглав Осигурување во секое време се грижи за Вас. Нивните полиси не само што се доста опфатни туку и воопшто нема да ви предизвикаат значителен трошок.

Здравственото-патничко осигурување на Триглав Ви овозможува покритие на:

  • трошоци за лекување од ненадејна болест и незгода до 30.000 евра
  • трошоци за итна стоматолошка интервенција дo 150 евра;
  • трошоци за транспорт на осигуреникот во матичната земја во висина од 3.600 еур, 2.400 еур и 7.200 еур а во зависност од полисата за осигурување ;
  • трошоци во висина од 200 евра за купување на неопходни работи, поради авионско доцнење на багаж повеќе од 20 часа.

Реосигурување на патничко осигурување

Во некои случаи вкупниот износ на осигурување ја надминува максималната одредена сума на осигурителната компанија по лице. Во вакви случаи осигурителната компанија бара реосигурување. Како што кажуваат од Reinsurance Weekly ова најчесто се случува кај Business Travel plan.

Кога сме веќе кај одморот, за целосно безбеден одмор има и некои работи што ви препорачуваме да ги направите пред да одите на одмор. Бидете спокојни додека истражувате нови култури, посетувате места за кои што долго време сте сонувале, додека ги полните батериите за наредните месеци исполнети со нови работни предизвици. Не дозволувајте некоја незгода да ви ги уништи овие бесценети моменти. Затоа, патувајте безбедно и не заборавајте да го спакувате патничкото осигурување. 

 

Тамара Илиева