Студентите без здраствено осигурување во лето - Bits of insurance

Студентите без здраствено осигурување во лето

Студентите остануваат без здраствено осигурување во летниот период. Во случај да имаат потреба од медицинска помош треба да платат приватно за својата терапија.

Администрацијата на факултетите овој период користи годишни одмори и на студентите нне може да им се издаде потврда дека се редовни студенти. Затоа матичните лекаре бараат од Фондот да направи промени и студентите овие потврди да ги доставуваат во септември или октомври.

„Алармираат матични лекари дека пациентите кои се студенти остануваат без здравствено осигурување, што не е добро, а нема од каде луѓето да донесат потврда заради тоа што неработат студентските прашања и не може да се однесе таа потврда дека сеуште се студенти во ФЗО. Замолено е, Фондот овој момент да го решат и потврдите да се носат во октомври“, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Од Фондот изјавуваат дека студентите добиваат осигурување преку еден од родителите. Без здраствено осигурување остануваат само ако не достават потврда за запишан семестар најдоцна до март за летен и најдоцна до декември за зимски семестар, а за ова имале и договор со факултетите.

„Сите оние факултети кои навремено ги имаат доставено податоците за  студентите (имаат прикачено електронска датотека) кои запишале соодветен семестар или пак студентите сами донеле потврда за редовен студент  продолжено е  здравсвеното осигурување како членови во здравствено осигурување преку еден од родителите“, се вели во одговорот од Фондот“.

 

Тамара Илиева