
Insurance Europe секоја година публикува статистики за своите членки. Тоа претставува аосицијација на супервизорите на осигурувањето низ Европа. Ова се последните статистики за осигурувањето во Европа:
Европа е втор континент по бруто полисирана премија и претставува скоро третина од вкупната светска бруто полисирана премија. Сепак според Извештајот на SwissRe главен континент каде што се очекува најголем раст во следната декада е Азија (што е логично бидејќи најголемиот дел од светската популација живее таму).
Европската бруто полисирана премија изнесувала € 1,311 милијарди, каде што €764 милијарди биле животно осигурување, €407 милијарди биле имот и одговорност, додека €140 милијарди отпаднале на здравствено осигурување.
Вкупните премии пораснале за 6.2%. Животното осигурување пораснало за 6.7%, осигурувањето на имот и одговорност за 5.7%, додека здравственото најмалку – 4.8%. Пенетрацијата на осигурувањето е мерка за развојот на пазарот во однос на севкупната економија и се пресметува како процент на бруто полисираната премија(GWP) во бруто домашниот производ (GDP). Таа пораснала за 0.21% т.е достигнала 7.46%. Сепак разликите на пенетрацијата на осигурувањето се големи во земјите ширум Европа. Во Лихтенштајн таа е 0.5%, додека во Обединетото Кралство 14.3%:
Вкупните премии пораснале за 6.2%. Животното осигурување пораснало за 6.7%, осигурувањето на имот и одговорност за 5.7%, додека здравственото најмалку – 4.8%. Пенетрацијата на осигурувањето е мерка за развојот на пазарот во однос на севкупната економија и се пресметува како процент на бруто полисираната премија(GWP) во бруто домашниот производ (GDP). Таа пораснала за 0.21% т.е достигнала 7.46%. Сепак разликите на пенетрацијата на осигурувањето се големи во земјите ширум Европа. Во Лихтенштајн таа е 0.5%, додека во Обединетото Кралство 14.3%