
Во време на глобална пандемија, АСО мораше да се прилагоди на условите и ги организираше своите обуки за прв пат преку виртуелен начин. 27те наставни часа распоредени низ 9 денови претставуваа теоретска подготовка за испите кои што ќе следат.
Датумите за полагање на стручниот испит за брокер се следните:
Прв дел (теоретски дел) на 14.10.2020 година
Втор дел (практичен пример) на 30.10.2020 година
Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:
Второ полагање
Прв дел (теоретски дел) на 27.11.2020 година
Втор дел (практичен пример) на 15.12.2020 година.
Трето полагање
Прв дел (теоретски дел) на 30.12.2020 година.
Втор дел (практичен пример) – дополнително ќе следи известување за термин кој ќе биде во текот на јануари 2021 година.
За сега АСО очекува стручниот испит за брокер да се спроведува во просториите на Испитниот Центар кои се наоѓаат во Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, адреса Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје. Сепак АСО ќе ја следат ситуацијата и доколку има потреба ќе направат промени и секако навремено ќе ги известат кандидатите.