
Во Службениот весник на БиХ излезе Правилник за беспилотни летала кој што ги опфаќа и дроновите. Според Правилникот изготвен од Дирекцијата за цивилно воздухопловство сопствениците на дронови ќе бидат регистрирани и ќе треба да положат испит за управување со летала.
Единствено спасени од оваа новина во регулативата се сопствениците на беспилотни летала чија максимална маса за полетување е помала од 248 грама, и беспилотни летала кои летаат во затворени објекти.
Сопствениците исто така ќе треба да имаат полиса за осигурување за нивниот дрон, што дополнително ќе ги отвори можносите за развој на овој тип на осигурување на пазарот.