АМ Best ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза

0 0
Read Time:1 Minute, 40 Second

Групацијата Триглав финансиски многу силна и со стабилно работење

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, при редовниот годишен преглед, на Заваровалница Триглав и на Позаваровалница Триглав РЕ повторно им ги потврди бонитетната оценка »A« (одлично) за финансиска моќ и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »a«. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза, и се одраз на очекувањата на агенцијата, Триглав среднорочно да го зачува доброто работење, својата силна финансиска позиција и водечката пазарна улога во Словенија и во регионот, каде што Групацијата е присутна.

AM Best ја оценува финансиската позиција на Триглав како многу силна, а работењето како стабилно, влијанието на деловниот профил врз кредитниот рејтинг како неутрален, влијанието на мнозинската сопственост како неутрално и управувањето на ризици како соодветно со оглед на комплексноста и обемот на нејзиното работење. При потврдувањето на високата бонитетна оценка на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата го нагласи нејзиното стратешко значење како реосигурител на сите друштва на Групацијата Триглав и нејзината добра интегрираност во групацијата.

Оценката за многу силна финансиска позиција се темели врз капитализираноста на Групацијата Триглав, прилагодена на ризиците, и е на најсилното ниво. Групацијата во портфолиото на осигурувањата на живот ја намалува изложеноста на продуктот со гарантирано враќање на приносот, со што дополнително го подобри своето управување на средства и обврски. Одговорно управува со резервациите и има добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници.

Агенцијата ги нагласува добрите деловни резултати на Триглав во последните години, кои што, по нејзина оценка, потекнуваат од одличниот осигурително-техничкиот резултат на неживотните осигурувања на домашниот пазар и соодветните приноси од инвестициите. Триглав на високо конкурентните пазари вон Словенија постојано го зголемува својот обем на понуди, го подобрува деловното работење и активно бара поекономични дополнителни продажни канали. Агенцијата ја истакнува предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува дека Триглав, преку своите друштва, на глобално ниво нуди осигурителни и реосигурителни услуги, што води до добро диверзифицирано портфолио во поглед на услуги и продукти, но и од географски аспект.

Happy
Happy
0 %
Sad
Sad
0 %
Excited
Excited
0 %
Sleepy
Sleepy
0 %
Angry
Angry
0 %
Surprise
Surprise
0 %
Previous post Деловен план на Групацијата Триглав за 2021 година
Next post АСО со препорака – да не се распределува дивиденда