
Гигантот за осигурување Allianz постигна одлични финансиски резултати. Во новата година, осигурителната група очекува да ги надмине резултатите од пред пандемијата.
Оперативната добивка во 2020та на групата е падната за 9%, на 10,8 милијарди евра, што е за 0,4 милијарди евра повеќе од очекувањата. По објавувањето на веста акциите на компанијата пораснаа за повеќе од 1%.
Вкупната штета од пандемијата изнесувала 1,3 милијарди евра.
„Адаптирано на негативните ефекти од Корона вирусот, нашиот резултат беше над рекордното ниво од претходната година“, изјави Џулио Терзариол, финансискиот директор на групацијата.
Дивидендата на компанијата ќе изнесува 9,60 евра, иако нето добивката по малцинските камати падна за 14% на 6,8 милијарди евра. За 2021, извршниот директор Оливер Бете предвидува оперативен профит од 12 милијарди евра +- 1 милијарда евра, што е понатамошен раст од оваа година „Allianz“.